Конор Мекгрегор објави враќање во јануари следната година

Конор Мекгрегор објави дека се враќа во УФЦ на 18.јануари следната година и покрај тоа што официјално се пензионираше пред седум месеци. 31-годишниот Мекгрегор нема борба од поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018 година. На прес конференција тој денеска соопштои дека е во врвна форма за натпреварување.

„Овој датум е договорен. Не се грижам воопшто за тоа кој ќе ми биде противник. Потребни се 66 да се формира навика. Јас сега си легнувам рано. Нема да пијам алкохол“ – изјави Мекгрегор.

Мекгрегор првпат се појави во УФЦ во 2007 година, првата титула ја освои со борба за само 13 секунди. Првото пензионирање го објави во април 2016 година, но се предомисли веќе истиот месец. Во 2018 му беше наложени да оди на третмани за контрола на бесот, а криминалното обивнение му беше отфрлено иако го нападна автобусот на Хабиб.

 

Се вчитува...