Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ, познат и датумот

Конор Мекгрегор последен пат во октагонот во УФЦ влезе на 6. октомври минатата година, кога беше поразен од Кабиб Нурмагомедов.

Оттогаш Ирецот беше дел од неколку скандали, а многу веруваа дека веќе никогаш нема повторно да се бори. Сепак, претседателот на УФЦ Ден Вајт изјави дека Мекгрегор ставил потпис на нов договор и ќе се бори на УФЦ 246 во Лас Вегас кој е закажан за 18. јануари. Противник на Мекгрегор ќе му биде Доналд Чероне.

 

Се вчитува...