И по цела една година од историската УФЦ борба, двајцата „актери“, Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор не престануваат со меѓусебните навреди.
Дана Вајт изјави дека на МекГрегор би можел да му понуди нова шанса, но за тоа на крај ќе одлучи единствено Хабиб.
„Прво мора да ги намали килограмите, а потоа и да победи десет пати по ред па за да размислам за реванш. Сега нека се бори против второкласните борачи… Јас одлучувам со кого ќе се борам, а не Дана Вајт“ – истакна Хабиб, неодамна па не чекаше долго на одговорот од Конор.
„Мал преплашен стаорец, доаѓам…“ – кратко му возврати МекГрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
