Словачката репрезентација се соочи со неочекуван проблем во пресрет на утрешниот натпревар против Шведска откако беше обелоденето дека двајца членови на оваа селекција се позитивни на коронавирус, при последното тестирање организирано од УЕФА.
Едниот е фудбалерот Денис Вавро од редовите на Хуеска, додека второто лице е дел од стручниот штаб на селекторот Таркович.
„Ова се разочарувачки вести, но ќе продолжиме и ќе останеме максимално фокусирани. Двајцата се веќе во карантин и најверојатно ќе ја напуштат репрезентативната база. Ги следиме протоколите на УЕФА“, изјави селекторот Таркович на денешната прес-конференција.
Словаците во првото коло ја совладаа Полска со 2-1, а до крајот на групната фаза треба да се сретнат со Шведска и со Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА