Кошаркар на Гостивар меѓу починатите во страшната несреќа!

Во страшната сообраќајна несреќа со излетувањето на автобусот во близина на Карпалак животот го загубија 14 лица, меѓу нив и еден кошаркар на КК Гостивар.

Станува збор за 25-годишниот Јовица Трпевски, кој ги бранеше боите на вториот тим на гостиварци, од сезонава почнувајќи да се натпреварува во Втората лига на Македонија. Оние играчи кои не беа планирани за посериозна минутажа во првата екипа на тој начин добија шанса да ги покажат своите квалитети за вториот тим, а Трпевски беше еден од оние кои секогаш го даваа максимумот на теренот, без оглед на моментниот резултат и противникот.

„Сите сме во шок од големата несреќа во која животот го загубија наши сограѓани, но и еден кошаркар од нашата екипа што е дел од Втората лига. Болката е голема, им испраќаме сочувство на семејствата на починатите, со искрени желби за брзо опоравување на повредените“ – порачуваат од КК Гостивар.

Четиринаесет лица починаа, а уште седум се во тешка состојба по вчерашната сообраќајна несреќа во која автобус излета од автопатот Скопје-Тетово во близина на Карпалак.

Се вчитува...