Барселона се соочува со огромен проблем откако најдобриот кошаркар на каталонскиот гигант, Кевин Пантер, заработи незгодна повреда.
Поранешниот капитен на Партизан настрада на последниот лигашки меч со Бреоган, а деталните прегледи покажаа дека повредата на скочниот зглоб не е нималку наивна.
Првите прогнози се дека извонредниот шутер ќе мора да паузира најмалку три седмици, што значи дека ќе пропушти неколку важни средби почнувајќи од дербито со Панатинаикос во наредната рунда од Евролигата.
Пантер ќе биде во трката со времето за првото евролигашко „Ел Класико“ што Барса ќе го игра против Реал Мадрид, дуел закажан за 3 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
