Неверојатна статистика, шестиот тенисер на светот има повеќе загубени од освоени поени во 2026 година

Италијанскиот тенисер, Флавио коболи, ја одигра една од најневеројатните сезони во модерната тениска опен ера.

Коболи дојде до шестото место на АТП ранг-листата, обезбеди пласман на завршниот АТП турнир во Торино, а во 2026 година освои помалку од 50 отсто од одиграните поени.

Според податоците на специјализираната страница „тенис абстракт“, заклучно со деветти ноември, Флавио Коболи на 61 одигран меч во 2026 година освоил 49.5 отсто од поените.

Тој победи на 37 од 61 меч, што претставува успешност од речиси 61 отсто, но кога ќе се соберат сите одиграни поени, неговата статистика покажува поинаква слика, освои само 49.5 отсто од одиграни поени.

Причината за ваквата статистика е неговата способност да победува во неизвесните мечеви и да ги освојува најважните поени во одлучувачките моменти. Тој освои 13 од 17-те сетови кои беа одлучувачки.

Но, од друга страна, Коболи имаше неколку убедливи порази со кои значитечно се намали процентот на освоени поени.

Се вчитува...