Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама уште еднаш покажа дека е неверојатен талент со уште поневеројатни физички предиспозиции.
Во победата на Сан Антонио од 122:96 над Феникс санс, Вембањама брилјираше со 40 поени, 11 скока и дури девет блокади, но со еден потег ги остави во неверица кошаркарките фанови.
Имено, еден од поените го постигна до двочекор кој го започна надвор од линијата за три поени (7.25 метри) и потоа поентира со положување.
This is crazy
https://t.co/w8I50gXSOr
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
