Новиот тренер на Овиедо, Раул Гонзалес на денешната промоција порача дека долго чекал ваква можност, да презеде клуб со традиција, голема навивачка база и град кој живее за фудбалот.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Шалке и репрезентативец на Шпанија, истакна дека проектот на Овиедо делува привлечно и верува дека го направил вистинскиот избор.
„Долго време чекав ваков предизвик. По извесен период без тренерски ангажман и работата со вториот тим на Реал Мадрид, сакав да изберам тим со традиција и град во кој живее за фудбалот. Последните неколку посети на Овиедо не убедија да ја прифатам работата“, порача Раул.
Тој порача дека има јасна идеја како сака да изгледа Овиедо под негово водство.
„Сакам екипа која ќе биде директна, агресивна, кога ќе игра да даде гол повеќе, но во исто време ќе знае и да се брани. Мора да имаме баланс“, вели Раул.
Пред да седне на клупата на Овиедо, Раул Гонзалес шест години го вториот вториот тим на „кралвите“, Реал Мадрид Кастиља со кој триумфира во Лигата на шампионите до 19 години. Тој го напушти вториот тим на Реал Мадрид, во исто време кога Чаби Алонсо доби отказ од првиот тим на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
