Ван Дајк проговори за својата иднина во Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не крие дека би сакал да остане на „Енфилд“ и по завршување на актуелниот договор, но во исто време не сака да носи избрзани одлуки.

Ван Дајк во 2025 година потпиша двегодишен договор со Ливерпул и медиумите веќе почнаа да шпекулираат за неговата иднина на „Енфилд“.

Поради тоа се огласи дефанзивецот кој наскоро ќе наполни 36 години и не покажува знаци дека планира да се повлече од врвниот фудбал.

„Сакам да продолжам да играм и да го правам тоа што сега го правам. Ќе видиме што ќе ни донесе сезоната. Имам неверојатно искуство во Ливерпул и ако се продолжи тоа, така нека биде“, изјави Ван Дајк, кој ќе ги пропушти дуелите на Холандија против Грција и Германија во последните две кола од групната фаза во Лигата на нации.

Ван Дајк откри дека засега немало конкретни разговори со челниците на Ливерпул за евентуално продолжување на соработката, но и покрај тоа не загрижен.

„Воопшто нема простор за паника“, додава дефанзивецот кој ги одигра сите минути за Ливерпул во Премиер лигата.

Се вчитува...