Дури 25 фудбалери и членови на клубот на украинскиот прволигаш Карпати се позитивни на коронавирусот, со што овој клуб во моментов е број еден по позитивни случаи во светот на фудбалот. Токму поради тоа целата екипа ќе мора да мине 14 дена во карантин.
Првенството во Украина веќе продолжи, но сите натпревари на Карпати во следните две недели се одложени. Доколку карантинот даде резултати следниот натпревар на тимот би требало да биде на 20. јуни.
Минатата недела беше објавено дека во клубот има неколку позитивни на Ковид-19, но без сериозни симптоми. Откако беа тестирани сите членови на клубот утврдени се 25 позитивни. Од Украинската фудбалска федерација, по овој случај, им наложија на сите клубови задолжително тестирање.
Во Украина досега има околу 25.000 позитивни на коронавирусот, и 735 починати.
Вчера неколку бразилски клубови пријавија сериозен број позитивни членови во своите клубови, меѓу нив со најголем број Васко де Гама, дури 16 фудбалери и членови на стручниот штаб позитивни на Ковид-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА