Дефанзивецот на Лидс, Диего Љоренте, ќе може да се врати на тренинзите на шпанската репрезентација и да конкурира за место во тимот за премиерниот меч на „црвената фурија“ на ЕВРО 2020, против селекцијата на Шведска.
Љоренте беше вториот позитивен шпански фудбалер, по Серхио Бускетс, по што тој вчера беше принуден да ја напушти репрезентативната тренинг-база. Тој сепак решил вчера повторно да се тестира, по што добил негативен резултат. Следело уште едно ново тестирање, кое повторно било негативно, по што Љоренте со два теста на кои не е позитивен на коронавирус согласно протоколите добил зелено светло да ја напушти самоизолацијата и да се врати на тренинзи со остатокот на репрезентацијата.
Бускетс се уште е позитивен на Covid-19 и се очекува асот на Барселона да го пропушти премиерниот меч со Шведска, но потоа да се приклучи на „црвената фурија“ за продолжението од европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА