Србија е симната од тронот на европското ватерполо откако нашиот северен сосед вечерва загуби од Шпанија во четвртфиналето од ЕП што се одржува во Будимпешта. Дуелот во унгарската престолнина беше максимално интересен и неизвесен, во регуларниот дел заврши 6-6, но Шпанците по подобро изведување на пенали го зедоа скалпот на големиот фаворит.
Во главна улога беше шпанскиот голман Пинедо, кој бранеше одлично во текот на целиот меч, а потоа блесна и во пенал-рулетот, носејќи ја „црвената фурија“ во полуфиналето со одбранетите удари на Прлаиновиќ и на Мандиќ.
Србија е европски шампион од последните четири континентални собири, последниот пораз го имаше претрпено во 2012 година. Воедно, ова ќе биде првпат по 1999 година српските ватерполисти да останат без медал на еден европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА