Екипата на Куманово ги засили своите редови со двајца странски кошаркари, потпишувајќи договори со Американецот Грифин Раме и со словенечкиот кошаркар Роберт Абрамовиќ. Од неколкуте кошаркари кои се наоѓаа на листата со желби на тренерот Михајловски, раководството на кумановци успешно ги финишираше преговорите со Раме и со Абрамовиќ, со кои се потпишани едногодишни договори.
Раме е играч кој настапува на позицијата плејмејкер, а доаѓа од редовите на Тирана. Тој настапуваше за албанскиот тим во БИБЛ-лигата, каде имаше неколку импресивни настапи со кои го привлече вниманието на македонскиот прволигаш.
Што се однесува до Абрамовиќ, за Словенецот ова е враќање во мак-баскетот откако ланската сезона ја стартуваше како член на Кожув, по што се врати во татковината и настапуваше за тимот на Скофја.
Според информациите од таборот на кумановци, овој клуб во следниот период ќе доведе уште еден играч за борба под обрачите, за комплетирање на ростерот со кој „сино-белите“ ќе ја стартуваат нова сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА