Кумановци со видео од случувањата во Арачиново: Дали е ова Македонија или Колумбија!? (ВИДЕО)

Од ФК Куманово пред неколку денови информираа за сериозните проблеми со кои се соочуваале пред и за време на дербито од Третата лига со Арачиново. Кумановци претходно потенцираа дека добивале закани од домашните дека „живи нема да излезат од стадионот ако загубат“.

Денеска објавија и видео, со ново соопштение, во кое се гледа дека нивниот фудбалер пред почетокот на дуелот добива удар со бокс во стомак. Откако сето тоа го пријавиле, им биле дадени инструкции од присутната полиција, која имала дојави дека навивачи ќе влегуваат на терен, само како да бегаат во случај на инцидент.

„Тоа што го кажавме сега може да се види, значи ова се случува пред очите на судиите, кои биле заклучени во соблекувалната и добивале закани. Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок. Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери, па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме. Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот, луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои им рековме што се случило дека нашиот фудбалер е двапати удрен со тупаница, но тие ни рекоа да го почнеме натпреварот . Да кажеме дека пред почеток од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ќе влезе во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме за да можат да не заштитат. За крај да ѝ порачаме на Шкендија да каже на кој стадион да одиграме натпревар без присуство на публика и редари да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас. Да не заборавиме дека се имаат јавувaно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале. Луѓе каде живееме – во Македонија или во Колумбија. ГФК Куманово ветува дека секогаш ке играме фер и коректно, дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме“, се вели во соопштението на кумановскиот третолигаш.

Се вчитува...