Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо ја прифатил понудата на Пари Сен Жермен. Тој се сели во Париз како дел од најавениот камбек на Нејмар од ПСЖ во Барселона. Кутињо ќе ги добие истите услови под кои настапуваше и во Барселона.
Зделката за враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“ е речиси договорена, Барселона ќе плати 130 милиони евра и треба да испрати двајца фудбалери во Париз. Во опција покрај Кутињо се и Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Осман Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА