Дени Блинд повеќе не е селектор на Холандија откако вечерва доби отказ од оваа функција, неполни 24 часа по поразот на гостувањето во Софија од Бугарија. Овој неуспех придонесе уште погласни да станат критичарите на екс-тренерот на Ајакс, но откако селекцијата падна на четвртото место на табелата на челниците на федерацијата им стана јасно дека мора што поскоро да реагираат.
Вечерва беше одржан состанок на највисокото раководство на Холандската Фудбалска Федерација, на кој беше решено да биде раскинат договорот со Блинд, а во најскоро време да биде именуван нов селектор, кој ќе ги води „лалињата“ до крајот на овој квалификациски циклус.
„Се наоѓавме на вистинската патека. Поразот од Бугарија беше неочекуван, искрено жалам што оваа приказна се завршува на ваков начин“ – истакна Блинд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА