Леброн ќе трча како Форест Гамп: Само да ме викнат од Судиска Арабија (видео)

Неверојатната понуда што Килијан Мбапе ја доби од Саудиска Арабија ја разбранува не само фудбалската, туку и целокупната спортска јавност.

Така, Јанис Адетокумбо порача дека и тој очекувал слична понуда бидејќи личел на Мбапе, а денеска на темата се осврна и Леброн Џејмс, објавувајќи видео од филмот Форест Гамп, како актерот Том Хенкс забрзано трча.

„Јас на пат кон Саудиска Арабија која ќе им се јават на моите агенти Рич Пол и Маверик Картер за едногодишен договор“, напиша Леброн, предизвикувајќи бурни реакции со видеото.

Мбапе одби неверојатни 700 милиони евра за да замине на една година во оваа земја, а само за споредба, Леброн Џејмс во својата 20-годишна НБА-кариера има заработено вкупно 531 милион долари (околу 480 милиони евра).

Се вчитува...