Легендарниот Касаи по четвртина век првпат нема да настапи на новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Јапонскиот ски-скокач Норијаки Касаи нема да учествува на турнејата „Четири скокалници“ првпат по 25 години. 47-годишниот Јапонец не е пријавен за настап на ниту една од четирите етапи на новогодишната турнеја.

„Тешко е. Не се чувствувам најдобро кога сум на скокалница. Физички сум добар и затоа нема да се предадам. Одиме понатаму“, изјави Касаи. 

За Касаи ова е 31. сезона во Светскиот куп, а поголемиот дел од неговите денешни конкуренти не биле ниту родени кога тој во 1988 година го имаше дебито меѓу најдобрите ски-скокачи во светот.

Се вчитува...