Легендарниот американски фудбалер Лендон Донован и официјално стави крај на својата кариера, обелоденувајќи дека му кажува збогум на фудбалот.
„Тоа е тоа, завршив со фудбалот. Нема повеќе играње, досега не објавив јавно, но еве сега кажувам – дефинитивно е крај. Веќе не можам ни да го бркам синот низ куќата, затоа нема шанси да се премислам“, изјави Лендон Донован за американските медиуми.
Американецот претходно година и пол беше во пензија, но се врати на терените за да му помогне на тимот на ЛА галакси во периодот кога оваа екипа имаше огромен број на повредени играчи. Минатата сезона тој одигра девет натпревари за својот клуб, но со денешната одлука Донован и дефинитивно стави крај на својата одлична кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА