Леонардо: Милан никогаш не испрати понуда за Милинковиќ – Савиќ

Преодниот рок во Италија истекува вечерва, а една дилема е отстранета – Сергеј Милинковиќ – Савиќ дефинитивно нема да се пресели во Милан. Лацио цело лето бараше над 100 милиони евра за српскиот ас, за синоќа да се појави шпекулација дека Лотито прифатил позајмица од 40 милиони, со клаузула за задолжителен откуп наредното лето за дополнителни 80 милиони евра.

Не само што овие најави денеска не се реализираа, туку директорот на Милан, Леонардо откри дека „росонерите“ летово не испратиле ниту една понуда за овој одличен играч за врска.

„Ние не испративме понуда, воопшто и не преговаравме со Лацио за Милинковиќ – Савиќ. Имав еден раговор со неговиот агент, Матеа Кежман, но веднаш стана јасно дека нема никаква шанса, тој трансфер е неизводлив, па не се ни мачевме да влегуваме во преговори“ – изјави Леонардо.

Се вчитува...