Фудбалерите на Полска ја совладаа Црна Гора на гости во Подгорица со 1-2 и се зацврстија на првото место на табелата во групата Е, во квалификациите за СП 2018 во Русија. Левандовски во 40.минута ги доведе Полјаците во водство, Мугоша го израмни резултатот, но Пишчек донесе триумф за гостинската селекција со голот во 82.минута.
All & Goals & Highlights – Montenegro 1-2… by smoki-bobi
Северна Ирска на домашен терен славеше против Норвешка со 2-0 и се наоѓа на второто место во групата Ц со 10 бода, веднаш зад Германија. Шкотска во финишот стигна до триумф од 1-0 над Словенија, со погодокот на Крис Мартин во 89.минута од мечот.
Квалификации за СП
Група А: Северна Ирска – Норвешка 2-0
Група Е: Црна Гора – Полска 1-2, Романија – Данска 0-0
Група Ф: Малта – Словачка 1-3, Шкотска – Словенија 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА