Линдвик изненади во Гармиш – Партенкирхен

Норвешкиот ски – скокач Мариус Линдвик направи изненадување на втората етапа од турнејата „Четири скокалници“ во Гармиш – Партенкирхен и дојде до првата победа во кариерата. Имаше сензационален скок од 143,5 метри во првата серија со кој го израмни рекордот на скокалницата поставен пред 10 години и сега го дели „сопствеништвото“ со Симон Аман.

Во втората серија Линдвик прескокна 136 метри, што беше доволно за да ја задржи водечката позиција со 289, 8 бода победи пред Карл Гајгер (132 и 141,5 м.) и пред Давид Кубацки (137 и 139,5 м.).

Победникот од Оберсдорф и бранител на трофејот од минатата година, Рјоју Кобајаши, заврши на четвртото место. Тој и натаму води на турнејата „Четири скокалници“. Турнејата сега се сели во Австрија, во Инсбрук, а завршува во Бишофсхофен.

Се вчитува...