Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен стигна до победа на трката за Големата награда на Бахреин која поради конфликтот на Блискиот исток се вози во Малезија.
Холанѓанецот на патеката Сепанг стигна до победа во една во најмала рака чудна трка која траеше повеќе од три часа поради дождот на стартот и поради голем број проблеми на организаторот, пред актуелниот лидер во генералниот пласман Кими Антонели. Подиумот го надополни Луси Хамилтон. Џорџ Расел му откажа болидот на четири круга до крај со сејфти кар на патеката.
За Ферстапен ова беше прва победа сезонава, и прва по Абу Даби на крајот на минатата сезона. Во топ 10 се најдоа уште и: Леклер, Хаџар, Пјастри, Лосон, Алонсо, Норис и Линбланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
