Луѓе мои, што е многу, многу е: Хрватите се избламираа и останаа без СП (видео)

Хрватска и дефинитивно остана без пласман на СП откако вчера загуби на домашен терен од Полска, уште еден во низата катастрофални натпревари на „коцкестите“ во овој квалификациски циклус.

Најдобар доказ за хрватската бламажа е ова видео од еден контранапад против Полјаците, каде по промашеното положување на еден негов соиграч, Филип Крушлин имаше лесна ситуација под кошот – но промаши, и тоа два пати во рок од две секунди.

Нервите ги загуби и хрватскиот телевизиски коментатор: Луѓе мои, што е многу, многу е… ова е недозволиво“.

И навистина, премногу бламажи на хрватските кошаркари во изминатите месеци за да се стигне до мундијалски билет.

Се вчитува...