Лука Дончиќ е на добар пат да стане најплатениот кошаркар во НБА лигата. На ѕвездата на Далас му е потребен само уште еден настап на „Ол-стар“ натпреварот за да може во 2025 година да потпише пет годишен договор вреден 318 милиони евра, односно 367.5 милиони евра доколку се оствари предвиденото зголемување на финансискиот фер-плеј за 10 отсто во следните три години.
Со заработката од 70 милиони евра на годишно ниво Словенецот ќе го престигне Стеф Кари кој сега е најплатен играч со договор од 51.9 милиони евра по сезоната. Зад асот на Голден Стејт се: Кевин Дурент, Леброј Џејмс, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.
Дончиќ кој е дел од Далас од 2018 година претходната сезона бележеше просек од 32.4 поени, 8.6 скокови и 8.0 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА