Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 17 години загубија од Романија со убедливи 74-92 за крај на настапот на турнирот „Рајзинг старс“ што во изминатите денови се одржуваше во Букурешт.
Романските кошаркари се покажаа како пресилен ривал од самиот почеток, добивајќи ја првата четвртина со 24-12 и трасирајќи си го патот до победата. Македонија во вториот период намали на 42-35, но во второто полувреме следеше доминација на Романија и заслужена победа на домашниот состав.
Ѓиноски беше прв стрелец на овој натпревар со 18 поени, 5 скоковии 4 асистенции, Рајковски реализираше 16 поени, додека Сотир реализираше 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
