Маестралниот потег на Лука Дончиќ во ноќта кога го мина Џордан на вечната листа (ВИДЕО)

Неверојатниот Лука Дончиќ запиша прво полувреме за паметење на синоќешниот натпревар против Чикаго.

Во само едно полувреме запиша 30 поени, но сепак останува за паметење потегот на вечерта и асистенцијата која ги занеме коментаторите…

Дончиќ успеа да го мине и Мајкл Џордан на вечната листа. Потребни му беа само три години во НБА за да има повеќе „трипл-дабл“ учиноци од легендарниот Ем-Џеј. Лука синоќа стигна до 29. свој „трипл-дабл“ запишувајќи 36 поени, 16 скока и 15 асистенции.

Но, и покрај извонредната партија на Дончиќ, Далас не успеа да дојде до победа. Чикаго славеше на гостински терен со 101-117.

Се вчитува...