Македонецот Андоновски – нов селектор на светските шампионки

Македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски ќе биде нов предводник на актуелниот светски првак во женски фудбал, селекцијата на САД. Поранешниот фудбалер од младинските категории на Вардар изгради исклучително успешна кариера од другата страна на Атлантикот, па откако Џил Елис најави заминување по освојување на титулата на СП 2019, Андоновски беше апсолутен фаворит за нејзин наследник.

Преговорите траеја повеќе од еден месец, за на крајот да биде постигнат целосен договор и Македонецот да прифати да застане на чело на најдобрата светска репрезентација во женски фудбал.

Влатко Андоновски има работено како прв тренер во два врвни клубови во американската лига, Канзас Сити од 2013 до 2017 (освои две титули во 2013 и во 2014 година) и Сиетл од 2018 до 2019 година. Во овој период тој соработуваше со бројни ѕвезди од американскиот национален тим, а главната препорака ја имаше од капитенот на САД, Меган Рапиноу, чиј тренер беше во екипата на Сиетл.

Се вчитува...