Македонија го декласира Азербејџан на стартот од Европската лига

Одбојкарската репрезентацијата на Македонија стартуваше со убедлива победа во ЕП лигата од 3-0 во сетови против репрезентацијата на Азербејџан. „Спартанците“ ја оправдаа улогата на фаворит во овој дуел и во сите три сета триумфираа со резултат од 25-19, 25-19 и 25-20.

Нашите одбојкари заслужено го своија првиот сет со резултат 25-19. Гостите од Азербејџан само во почетните минути се држеа резултатски, но македонските одбојкари пред вториот технички тајмаут направија серија од 5-0(16-10) при сервис на Никола Ѓоргиев, па така предноста од шест поени ја држеа до крајот на сетот и поведоа со 1-0.

Репрезентацијата на Азербејџан беа порамноправни во вториот сет. Нашите одбојкари одржуваа минимална предност се до првиот технички тајмаут, паузата добро им дојде, па со неколку мини-серии дојдоа до идентичен резултат како во првиот сет и повторно славеа со 25-19.

IMG_4623

Азербејџан резултатски најмногу издржа во третиот сет, кој беше најнеизвесен. Предноста македонскиот национален тим беше минимална и по вториот технички тајмаут, но од тогаш ги зедоа работите во свои раце и го освоија сетот со резултат од 25-20.

Најдобриот поединец во нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев заврши со 11 поени (3 аса), додека Љафтов го следеше со 10 поени. За репрезентацијата на Азербејџан најефикасен беше Самадов со 5 поени.

IMG_4673

Македонската репрезентација утре ќе го одигра вториот дуел во салата „Кале“ против репрезентацијата на Албанија во исто време, од 19:30 часот.

Се вчитува...