Македонски судии избрани за ЕП 2022 за жени

ЕХФ денеска ја објави листата од 12 судиски двојки за претстојниот европски шампионат што во ноември ќе се одржи во Македонија, Словенија и во Црна Гора.

Меѓу 12-те избрани двојки една доаѓа од Македонија, и тоа Исмаил Металари – Ненад Николовски, кои ќе ја делат правдата на ова големо натпреварување.

Покрај македонските арбитри, на листата на судии за ЕП 2022 за жени се најдоа уште и: Ана Вранеш / Марлис Венингер (Австрија), Татјана Праштало – Весна Балван (БиХ), Карина Кристијансен – Лине Хансен (Данска), Хавиер Мата / Јон Бустаманте Лопез (Шпанија), Маике Мерц / Танја Кутлер (Германија), Јона Кристиди – Јона Папаматеу (Грција), Јелена Вујачиќ / Ангелина Казанегра (Црна Гора), Марта Са / Вања Са (Португарлија), Озрен Бацковиќ / Мирко Палачковиќ (Словенија), Вања Антиќ / Јелена Јаковљевиќ (Србија) и Марина Дупли / Олена Подебрина (Украина).

Се вчитува...