Пингпонгарската федерација на Македонија викендов беше домаќин на вториот круг од натпреварите во рамките на Балканската конект лига во пинг понг за млади играчи. На натпреварувањето покрај македонската репрезентација учествуваа и репрезентациите на Косово и Црна Гора.
Во екипна конкуренција од македонските репрезентативци најуспешни беа јуниорките кои ја потврдија доминацијата од првиот круг. Прво место во екипна конкуренција освоија и кадетките, кадетите беа второпласирани додека јуниорите завршија на последното место.
На натпреварите во поединечна конкуренција, македонските репрезентативки во јуниорска конкуренција Бојана Михајловска и Ана Стојановска повторно играа во финалето, овој пат поуспешна беше Стојановска. Кај кадетките Сара Стојановска и Васе Богоевска се сретнаа во полуфиналето. Наспроти претходните неколку порази на Богоевска во националните натпреварувања, таа овој пат триумфираше. Богоевска во најинтересното финале во рамките на Балканската лига беше поразена од претставничката на Косово.
Кадетите Борис Секулов и Лука Стојчев своите натпревари ги завршија во групната фаза на натпреварувањето. Исто како и кадетите и јуниорските репрезентативци Теодор Волкановски и Даниел Зхоу Главевски не успеаја да ги продолжат натпреварите во нокаут ситемот.
Следниот круг натпревари во рамките на Балканската лига ќе се одржи во Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА