Италија импресивно го стартуваше настапот на ЕВРО 2020, но премиерниот триумф над Турција беше платен со повреда на еден од стандардните првотимци на „аѕурите“.
Првиот десен бек на репрезентацијата, Алесандро Флоренци, се повреди пред крајот на првото полувреме против Турција и мораше да биде заменет за време на паузата, а денешните лекарски прегледи покажаа дека повредата не е наивна. На фудбалерот на ПСЖ му е дијагностициран проблем со мускулот на ногата, па тој дефинитивно ќе го пропушти вториот меч против Швајцарија, а прашање е дали ќе се рехабилитира за пресметката со Велс во третото коло од групната фаза.
За очекување е местото во стартниот тим да му припадне на Џовани ди Лоренцо, кој го замени Флоренци на стартот од второто полувреме на синоќешниот дуел со Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА