Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона ќе биде една од новите перјаници на ФИФА и ќе почне да работи како промотер на фудбалската игра во светот. Тој ќе биде ‘Спортски амбасадор’ на Светската куќа на фудбалот и ќе има задача да патува и да го промовира фудбалот. Марадона воодушевено ја објави веста и на својот профил на Фејсбук.
„Сега е официјално. Конечно ја исполнив мојата животна желба, да работам за чиста и транспарентна ФИФА, со луѓе кои навистина го сакаат фудбалот. Сакам да им се заблагодарам на тие што ми дадоа доверба за овој нов предизвик“, изјави Диего Марадона.
Аргентинскиот фудбалски ас беше еден од најголемите критичари на Сеп Блатер и корупцијата што владееше во ФИФА во неговиот период, а сега е близок соработник на новиот претседател, Џани Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА