Марадона поради здравствени проблеми го напушта Дорадос

Легендарниот Диего Армандо Марадона веќе не е тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос. Лекарите му препорачале на 58-годишникот да се фокусира на здравјето бидејќи наскоро го очекуваат операции на рамото и коленото.

„Благодариме на се шефе. Опоравете се па се гледаме наскоро“, порачаа од мексиканскиот клуб. 

Аргентинецот на почетокот на сезоната седна на клупата на Дорадос, а со второлигашот стигна до баражот за пласман во елитното мексиканско натпреварување, каде беше поразен од Атлетико Сан Луис.

 

Се вчитува...