„Марка“ ја расплака Шпанија: Идеалните 11 на нацијата (ФОТО)

Шпанија станува сериозно кризно жариште на коронавирусот во Европа. Државата се приближува до бројката од 30.000 заболени, а само во еден ден починаа 394 лица заболени од COVID-19. Затоа еден од најпознатите спортски весници во светот и најчитаниот и најтиражен весник во Шпанија објави фотографија со идеалниот тим на нацијата.

Во него не се славните фудбалски имиња од големите клубови или оние кои конкурираат за место во националниот тим. Во него се луѓето кои во овие тешки моменти работат за општото добро. Во иделаниот состав се медицинска сестра, благајничка, возач на камион за достава, работник на бензинска пумпа, војник, одгледувач на овошје и на зеленчук, пожарникар, продавач на весници, доктор, полицаец и чистач на улица.

„Со овој тим сигурно победуваме“ – нашиша Марка.

 

 

 

Се вчитува...