МекГрегор: Кога се разделивме видов крв во окото на Чероне… Прекрасно!

Ирскиот борец Конор МекГрегор се врати во УФЦ со стил и нокаут по само 40 секунди во борбата со Доналд Чероне.

Чероне по мечот заврши во болница, а МекГрегов ликуваше…

„Денеска испишав историја. Поставив уште еден рекорд. Јас сум прв борец во историјата на УФЦ кој со нокаут славел во три тежински категории, перолесна, лесна и велтер. Доналд држи неколку рекорди, па среќен сум што сега јас ги срушив неговите. Горд сум. Кога се разделивме, видов крв во неговото око. Прекрасно…“ – изјави МекГрегор по мечот со Чероне.

Се вчитува...