Меморијален баскет-турнир „Горан Димоски“

Претстојниот викенд ќе биде одржан меморијалниот баскет-турнир „Горан Димоски“, организиран од блиските пријатели на момчето кое беше голем вљубеник на кошаркарската игра.

„В недела, 29.09.2019 година во салата “Македонско сонце” во склоп на училиштето “11 Октомври”, населба Пролет ќе се одржи вториот меморијален турнир во чест на прерано починатиот Горан Димоски. Турнирот во 3х3 баскет ќе го сочинуваат 12 екипи и ќе започне во 12:00 часот. Ве повикуваме да дојдете и да присуствувате, да му оддадеме почит на Гого!“ – порачуваат организаторите на овој турнир.

Се вчитува...