Репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен се онесвести на натпреварот против Финска на Европското првенство по што лекарите успеаја да го спасат неговиот живот, а мачната сцена го загрижи целиот свет.
Тој подоцна дојде при себе, а неговиот манаџер Мартин Скутс сега говореше за неговата состојба за која вели дека Ериксен е стабилен и сака да се врати на теренот.
„Зборувавме, се шегуваше и добро е расположен. Сите сакаме да знаеме што му се случи, како и тој самиот, секако. Докторите вршат детални испитувања, но потребно е време. Со него се сопругата и родителите, тој денеска ќе има нови прегледи, но сака да им се приклучи на соиграчите за мечот против Белгија“, изјави Скутс.
Докторот на данската репрезентација потврди дека на Ериксен на момент му застанало срцето, но со брзата реакција избегнато е најлошото сценарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА