Мешков Брест остана без Ѓорѓиќ за Ф4 турнирот во СЕХА

Мешков Брест се соочува со сериозни проблеми во финишот на сезоната. На првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, белорускиот првак беше поразе од Нант на домашен терен (24-32), а остана и без левиот бек Петар Ѓорѓиќ.

Од Мешков Брест на официјалниот клупски сајт информираа дека Ѓоргиќ има скршеница на коска на дланката и му претстои пауза од шест недели. Тоа значи дека српскиот репрезентативец сигурно го пропушта реваншот со Нант, но и Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига што ќе се одржи од 13 до 15 април во Скопје. Во полуфиналето на Ф4 турнирот, Мешков Брест ќе игра против Вардар.

Претходно, од настап на завршниот турнир од регионалното натпреварување отпадна и пивотот Стојковиќ, за кого оваа сезона предвреме заврши поради повреда на коленото.

Се вчитува...