Меси: Благодарам за топлиот пречек, сакам да победувам и овој клуб да расте

Лео Меси неверојатната фудбалска кариера ја продолжува во Интер Мајами каде пристигна како слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ. За Аргентинецот постоеше опција за камбек во Барселона, како и богата понуда од Саудиска Арабија, но се одлучи за МЛС лигата.

Говорејќи на промоцијата еден од најдобрите фудбалери во историјата изјави дека е пресреќен што е тука, сака да победува и клубот да расте, а не ја пропушти и можноста да им се заблагодари на раководството и навивачите на клубот за топлиот пречек.

„Им благодарам на луѓето во Мајами за топлиот пречек. Многу сум возбуден што ќе бидам тука со вас. Сакам да им се заблагодарам и на луѓето од раководството на клубот што направија се да помине во најдобар можен ред и да се чувствуваме како дома. Сакам да почнам да тренирам, да се натпреварувам и навистина сакам да победувам и овој клуб да расте“, изјави Меси.

Се вчитува...