Лошиот старт на сезоната на Интер Мајами продолжи и на „дербито на Флорида“ откако тимот предводен од Лео Меси беше декласиран од Орландо со 3-0.
Јасно е дека многу работи во тимот на Интер Мајами не се како што треба, но Меси реши причината за поразот да ја лоцира кај судиите. Аргентинецот не го криеше разочарувањето што судиите не санкционираа една ситуација во која противнички фудбалер ја врати топката до голманот, овој ја фати со раце, но арбитрите останаа неми.
„Беше чудно, навистина чудно. Останав шокиран кога судијата ми кажа дека воопшто не го знаел тоа правило, ми призна дека не знаел што треба да се досуди. Тоа не е нормално, луѓето од МЛС треба да направат нешто, да ги следат ваквите ситуации. Ние немаме изговор за поразот, но и судијата никако не смее да биде лишен од одговорност“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА