Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку останува без супер-трансфер во Зенит, откако имаше одлична сезона во Рубин Казањ, Русија, со 15 постигнати гола и осум асистенции.
Зенит размислуваше за доведување на 27-годишниот Даку, но трансферот пропадна. Во интервју за руската Газета, тренерот на Зенит, Ринат Билјалетдинов истакна дека однесувањето на Даку во минатото е причината зошто во клубот е ставен стоп за трансферот на албанскиот репрезентативец.
Имено, по натпреварот меѓу Хрватска и Албанија (2-2) на Европското првенство 2024, Даку на мегафон скндираше „Еб..те им ја мајката, на Србите и Македонците“, што наиде на силен револт во светот на фудбалот. Потоа се извинуваше за своето однесување, но сепак беше суспендиран на два натпревари, а доби казна и од својот клуб Рубин.
Со оглед на тоа што во Зенит играат српските фудбалери Страхиња Ераковиќ, Огњен Мисимовиќ и Саша Здјелар, Билјалетдинов рече дека доаѓањето на Даку може да предизвика проблеми во соблекувалната поради што е стопиран трансферот.
„Клубот се обиде да донесе разумна одлука. Во одреден момент тоа може да има негативно влијание врз тимот и затоа трансферот не успеа. Тој трансфер што би бил темпирана бомба за тимот“ – изјави Билјалетдинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА