Мистериозно повлекување на учесник на Тур де Франс

Мистериозна приказна ја одбележа 12. етапа на најпознтата велосипедска трка во светот, Тур де Франс. 29-годишниот велосипедист на екипата Бахраин-мерида Роан Денис, кој е светски шампион од 2008 година, 80 километри пред целта се повлече од непознати причини.

Членовите на тимот повеќе од еден час не успеаја да го пронајдат Денис или да стапат во контакт со него, но сепак беше откриено дека Австралиецот е пронајден кај клупскиот автобус недалеку од целта на 12. етапа. Денис до целта стигнал во автомобил со својот менаџер и претставниците на медиумите.

Од тимот не сакаат да ја коментираат ситуацијата со Денис, а француските медиуми шпекулираат дека тој пред откажувањето влегол во жестока расправа со тимот.

Се вчитува...