Морган: Мажите може да се фаќаат за меѓуножјето, а мене ме нападнаа за пиење чај (ВИДЕО)

Најдобрата фудбалерка на Соединетите американски држави, Алекс Морган се најде на мета на светската јавност, откако голот против Англија во полуфиналето на Светското првенство го прослави имитирајќи пиење чај. Тоа во Англија го сфатија како провокација која алудира на Бостонската чајанка од 1773 година, во која бостонските жители во знак на револт кон Британија и круната го истуриле чајот кој бил увезуван.

Морган вели дека не го направила тоа како директна провокација кон Англија и дека не е во ред додека машките фудбалери се допираат за меѓуножјето, таа да е нападната за обично пиење чај.

„Јас не го направив тоа како провокација кон Англија. Мислам дека во спортот постојат двојни стандарди меѓу мажите и жените. Ние не смееме претерано да славиме и мораме да внимаваме на се, додека некои од фудбалерите се допираат за меѓуножјето при прослава на голови. Тоа не е во ред“, вели Морган. 

 

Се вчитува...