Му пукна патиката, настрада коленото, бизарна повреда на кошаркарскиот ѕвер Зајон Вилијамсон (ВИДЕО)

Кошаркарскиот ѕвер од НЦАА лигата Зајон Вилијамсон имаше страшна повреда на коленото која се случи од бизарна причина. Му пукна патиката и поради тоа направи лошо движење повреддувајќи го коленото. Тренерот на колеџот Дјук, Мајк Кшижевски изјави дека станува збор за умерено истегнување за лигаментите на коленото, ќе бидат направени дополнителни испитување по што ќе биде позната должината на отсуството. Зијон е најголемата ѕвезда на колеџ кошаракта во САД и се очекувада биде прв пик на драфот.

Неговата повреда отвори голема дебата во САД, има најави дека тој може дири и да го тужи Најк чии патики носеше во моентот на повредата.

 

 

Се вчитува...