Мурињо: Доколку Англија не го освои Евро сега, тогаш кога?

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо за престојното Европско првенство ќе биде гостин-коментатор на англискиот медиум ‘The Sun’ и веќе започна со анализа на репрезентациите кои ќе се борат за престижниот трофеј на стариот континент.

Фаворит за осојување на првенството за португалскиот стратег е Англија за која вели дека ќе има одлична генерација на играчи, но и предност од домашен терен со оглед на тоа што покрај групната фаза и завршните натпревари ќе се играат на „Островот“.

„Ова е генерација полна со добри играчи, неверојатни се. Затоа на Герет Саутгејт нема да му биде нималку лесно да го избере составот. Погледнете само колку избор има за десно крило. Заедно со Бразил, најтешко ќе му биде на селекторот на Англија поради притисокот. Но, Саутгејт има и одличен помошник со Стив Холанд па верувам дека ќе донесе најдобри одлуки. Што е до шансата, групната фаза ќе биде во Англија, полуфиналето и финалето во Англија. Доколку не се случи тоа во 1996 година, мора сега. Кога ако не сега?“, изјави Мурињо.

Англија во групната фаза силите ќе си ги одмери со Хрватска, Чешка и Шкотска.

Се вчитува...