Мурињо најави дека наскоро се враќа во фудбалот, Италија прва опција?

Португалскиот стратег Жозе Мурињо се уште е без ангажман откако доби отказ од Манчестер Јунајтед. Португалецот на „Олд трафорд“ помина две сезони во кои ја освои Лигата на Европа, Лига купот и беше второпласиран во Премиер лигата.

Мурињо вели дека се уште не го пронашол новиот ангажман, но дека наскоро ќе се врати во фудбалот.

„Секогаш најдобрите фудбалски првенства. Италија? Постои голема шанса да биде таа земја. Имам многу квалитети, а најголемиот е дека ги почитувам сите клубови и нивните раководства. Никогаш не сум шетал наоколу да раскажувам со кој клуб сум во преговори.“, вели Мурињо. 

Мурињо во моментов се наоѓа во Лондон каде ги следи мечевите на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон.

Се вчитува...