Мурињо сака да води репрезентација на Европско или Светско првенство

Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака да се врати во тренерските води, но како селектор на репрезентација, пренесува „Скај спорт“. Мурињо вели дека би сакал да води една репрезентација на големо натпреварување како Европско или Светско првенство.

„Сакам да се обидам да освојам нови натпреварувања. Сакам нов предизвик. Во моментов повеќе се гледам како селектор на национален тим, отколку предводник на клуб. Сепак како предизвик го сметам и освојување на пет различни европски првенства, но и освојување на Лигата на шампионите со трет различен тим“, изјави Мурињо. 

Португалецот е без ангажман откако заработи отказ во Манчестер Јунајтед поради лошите резултати со клубот, а на негово место на клупата на тимот од „Олд Трафорд“ седна Оле Гунар Солскјер.

Се вчитува...