МВП-то на Светското првенство ги „откачи“ Лејкерс за тренер Србин: Не можев да му кажам не

Денис Шрeдер во новата сезона ќе биде дел од Торонто Рапторс каде пристигнува како најкорисен играч на Светското првенство. Германскиот репрезентативец имаше понуда да остане во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и повторно да игра заедно со Леброн Џејмс, но се одлучи да ја промени средината.

Говорејќи за американските медиуми Шредер открива дека пресудно за тоа бил српскиот тренер Дарко Рајаковиќ кој во новата сезона ќе го предводи претставникот на Канада во НБА лигата.

„Го запознав пред пет години во Оклахома каде се спријателивме. Ми се допадна како не предводеше и мене и целиот тим. Ми се јави веднаш штом го превзема тимот и јас му кажав на мојот агент дека сакам да соработувам со него. Сакам да бидам дел од тоа, не можев да му кажам не. Мислам дека ќе се вклопиме одлично и ќе играм слично како во националниот тим“, откри Шредер.

Се вчитува...